„ДА ГО СОПРЕА ШИРЕЊЕТО НА НАТО, НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА“ Украина ќе мора да се откаже од дел од територијата, вели светски познатиот аналитичар 

Во интервју за порталот МКД, еден од најбараните светски аналитичари за геополитика и за односите на САД со остатокот од светот го предлага следното: „САД да ги заборават своите хегемонистички илузии и да договорат мир со Кина, Иран, Русијa“.

1,320

„За да прекине војната во Украина, НАТО ќе мора да се согласи дека нема да се шири, а Украина ќе мора да се откаже од дел од територијата. Ова е затоа што Украина загуби на бојното поле. Таа сега е земја со можеби 20 милиони луѓе, главно постари, бидејќи младите главно заминаа. САД требаше да го сопрат проширувањето на НАТО во 2021 година, и немаше да има никаква војна“.

Вака размислува познатиот американски економист и професор на Колумбија универзитетот Џефри Сакс.






Во интервју за порталот МКД, еден од најбараните светски аналитичари за геополитика и за односите на САД со остатокот од светот го предлага следното: „САД да ги заборават своите хегемонистички илузии и да договорат мир со Кина, Иран, Русијa“.

На прашањето дали некогаш ќе се дознае кој стои зад саботажата на гасоводот Северен Тек, познатиот аналитичар вели:

– САД го разнесоа гасоводот, но ова ќе остане тајна сè додека некои нови откривачи и свиркачи не објаснат што навистина се случило.

Во врска со војната во Газа, пак, Џефри Сакс смета дека решението со две држави мора да му биде наметнато на Израел од страна на САД и на Обединетите нации.

 

Поврзани содржини