📽 ДА ГИ ОДБРАНИМЕ ИДЕНТИТЕТСКИТЕ ПРАШАЊА Македонија не смее да остане на опашката во евроинтеграциите, вели Муцунски

362

Мојата професионална определба беше академската средина. Но сметав дека можам многу повеќе да придонесам доколку теоријата ја претвораме во пракса, вели потенцијалниот министер за надворешни работи и актуелен градоначалник на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Ја оставам Аеродром со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги бараат граѓаните. Каде и да сум, секогаш ќе бидам тука за Аеродром. Овој пат Македонија мораме да ја издигнеме над просечноста, ја победивме апатијата, но тоа не е доволно, време е да ја промениме реалноста и да ги започнеме промените.






Македонија не смее да остане на опашката во евроинтеграциите. Мораме да покажеме одлучност и посветеност во исполнување на стратешките интереси за полноправно членство во ЕУ. Но и спремност да ги одбраниме идентитетските прашања кои се наше право и должност.

Воедно да ја употребиме дипломатиката во функција на економијата. Да привлекуваме инвестиции кои ќе го отворат патот за подобар живот и повисок животен стандард. Македонија ќе биде почитувана. Ќе работиме макотрпно во промоциjа на вредностите во кои верувам. Државата да ја вратиме на народот. Инвестиции и дипломатија за тебе, за сите нас. Почнуваме!“, објави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за надворешни работи на социјалните мрежи.

Поврзани содржини