🎥 ДА БЕА СИТЕ БРУТАЛНО ДОСЛЕДНИ КАКО БРАНКО НА ЗАМИНУВАЊЕ… Црвенковски не дозволи никој да ја злоупотреби блискоста со него за така да го наследи, сведочи Деспотовски
Поранешните лидери на СДСМ пропуштаат уште една златна шанса да покажат дека не влијаат врз изборот на новиот партиски претседател, тврди кандидатот Јован Деспотовски во поткастот на Плусинфо.
Впечатокот дека поранешниот претседател СДСМ, Зоран Заев, има сериозно влијание врз партиските избори закажани за 30 јуни му штети на процесот, но ѝ штети и на партијата, вели Јован Деспотовски во поткастот на Плусинфо.
Кандидатот Деспотовски, кој е во втор обид да го освои тронот на СДСМ, вели дека поранешните партиски лидери пропуштаат златна шанса да покажат дека немаа влијание врз партиските избори. Така како што постапил Бранко Црвенковски во 2013 година.
– Во 2013 година Бранко Црвенковски беше претседател на СДСМ. Кога тој се повлекуваше, упати јасна порака до сите луѓе кои беа перцепирани како блиски до него, дека никој од нив не смее ни да помисли да влезе во таа трка и да ја злоупотреби перцепцијата во партијата дека е близок со него. Црвенковски тоа брутално доследно го спроведе – сведочи Деспотовски, кој во СДСМ е од 1995 година.
Тој прави споредба на таа постапка на Црвенковски со начинот на кој Зоран Заев своевремено на лидерска средба во Клубот на пратеници го промовораше Димитар Ковачевски како свој наследник, како и со она што неодамна се случуваше на форумот во Атина, каде Заев со себе го понесе Венко Филипче, веројатно да го промовира за свој втор наследник на кормилто на СДСМ.
Деспотовски смета дека тоа не е добро и очекува Заев во последен момент да се огласи јавно и да каже дека не фаворозира ниту еден од кандидатите.
Во овој дел од интервјуто Деспотовски зборува за овие чувствителни теми: