„ДА, ЈА ЗАДЕВАВ БРИЖИТ, НО ТОА НЕ Е СВЕТСКА КАТАСТРОФА“ Макрон призна дека е автентична снимката која предизвика скандал
Францускиот претседател призна дека снимката е автентична, но го критикуваше начинот на кој е толкувана. Зборувајќи со новинарите во Ханој, тој ги отфрли шпекулациите за тоа што ја предизвикало реакцијата на неговата сопруга.
Францускиот претседател Емануел Макрон коментираше за снимката на која неговата сопруга Брижит го турка по лицето додека се симнуваат од авион во Виетнам.
– Има видео каде што се шегувам и ја задевам сопругата и тоа како да стана некаква геопланетарна катастрофа, а луѓето дури и смислуваат теории за да го објаснат тоа – рече Макрон за видеото кое е нашироко коментирано на социјалните мрежи.
Макрон призна дека снимката е автентична, но го критикуваше начинот на кој е толкувана. Зборувајќи со новинарите во Ханој, тој ги отфрли шпекулациите за тоа што ја предизвикало реакцијата на Брижит.
Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.
Елисејската палата првично објави дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.
Еден од блиските соработници на Макрон изјави дека станува збор за „обичен брачен флерт“ и дека тоа бил момент на „релаксација пред почетокот на сериозно државно патување“.