Д-р Пановски со препорака до свадбарите: На веселби да одат само вакцинираните и прележаните

Според Пановски, во изјавата за Локално, повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.

1,282

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби. Останатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува епидемиологот Никола Пановски, по информацијата дека во Тетово, во  изминатите неколку денови од свадба и семејна прослава е зголемен бројот на  случаи на ковид-19.

Според Пановски, во изјавата за Локално, повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.






– Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири Делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири Делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат – вели Пановски.

Во моментов, во Тетовскиот Регион активни се 65 случаи, а најголем дел од нив се од два кластери создадени од прослави. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово.

 

 

Поврзани содржини