Д-р Пановски: Поделеноста ни се удри од глава, Комисијата требаше да не попушта под никакви околности, науката беше потисната
А тие луѓе во Комисијата се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразани ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи. Требаше да не попуштаат под никакви околности, но науката беше потисната - рече проф.д-р Пановски.
Oџата кога кажа дека вирусот е мртов, требаше веднаш да се реагира, но очигледно им беше дадена предност на верските обичаи и празниците, пред здравјето на граѓаните. Литијата на верниците во Струга, од која никој не се зарази, но таа даде поттик – што можете вие, можеме и ние. И таа поделеност ни се удри од глава – изјави вечерва проф.д-р Никола Пановски, микробиолог гостувајќи во Топ Тема на Телма телевизија во врска со зголемениот број заразени од корона вирусот во земјата последниве денови, укинувањето на полицискиот час и олабавување на мерките кон крајот на мај.
Тој рече дека требало пред две недели да реагира и вицепемиерот, и техничкиот премиер, и техничкиот министер за внатрешни работи.
– Се потврди старата вистина дека контролата затаила, особено пред избори, и можеби стравот дека ќе „пукне“ поголем инцидент од инфекцијата со вирусот. И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи. Требаше да не попуштаат под никакви околности, но науката беше потисната. А доволно е неколку дена таа да затаи и од разни причини да не се истакне пред политиката и да се случи тоа што се случи – рече проф.др Пановски.