Д-Р ПАНОВСКИ КОНТРА ФИЛИПЧЕ Министерот вели нема зијан, јас велам штетно е по здравјето!
Јас кажувам дека тоа е штетно по здравјето, дека тие се имунизирани луѓе и дека треба да им се даде можност, ако сакаат нека се вакцинираат во првиот месец, меѓутоа треба да се вакцинираат во првите девет месеци како што е секаде во светот– истакна д-р Никола Пановски во изјавата за ТВ21.
Вакцинацијата на лица кои прележале ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, наместо да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави д-р Никола Пановски за новите мерки против коронавирусот.
– Сите земји дозволуваат сертификат и по девет месеци, Швајцарија 12 месеци по прележување. Овде не знам, кој некој анонимен вика веднаш да се вакцинираат, задолжително по еден месец. Министерот вика – нема зијан. Јас кажувам дека тоа е штетно по здравјето, дека тие се имунизирани луѓе и дека треба да им се даде можност, ако сакаат нека се вакцинираат во првиот месец, меѓутоа треба да се вакцинираат во првите девет месеци како што е секаде во светот– истакна д-р Никола Пановски во изјавата за ТВ21.