Д-Р НУРЕДИНИ СЕ КОРЕГИРАШЕ Починатата од Тетово е 60-годишна жена, а не 19-годишна девојка
Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина - рече д-р Нуредини.
Докторот Гзим Нуредини се корегираше во однос на информацијата дека 19-годишна девојка починала од коронавирус.
Тој вели дека се работи за 60-годишна жена.
– Моја грешка е информацијата што ја дадов e дека 19-годишна девојка e една од починатите од ковид-19 во тетовската болница, кога во евиденција ја проверував годината на раѓање на пациентката. Станува збор за 60-годишна жена, која, за жал, е меѓу седумте жртви од коронавирусот за едно деноноќие во Клиничката болница во Тетово – појаснува Нуредини за Нова ТВ.
Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, информираше претходно координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.
Меѓу починатите покрај 60-годишната жена има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.
– Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина – рече д-р Нуредини.