Д-р Арсова: Пандемијата со ковид-19 предизвика епидемија од семејно насилство, жените бараат помош дури кога ќе завршат на Ургентно
Во време на корона поплаките се дека семејното насилно однесување е зголемено бидејќи контролата од страната на партнерот е зголемена. Тие повеќе од времето се дома, а лимитирани им се некои стекнати навики за справување со насилното однесување од страна на партнерот, како што се излегувања, прошетки, социјални контакти или контакти со лица за стручна помош – вели д-р Славица Арсова.
Светските показатели за порастот на насилството врз жените, но и врз децата, немоќните и болните од почетокот на пандемијата на коронавирусот се поразителни, односно процентуално тие се движат од 30 до 50 отсто. Во Македонија, пак, тој процент е уште позастрашувачки, бидејќи покажува дека насилството врз жените изминативе месеци е зголемено за речиси 50 отсто. Изминативе неколку месеци посетата на Клиниката за психијатрија е двојно или тројно зголемена токму од жени кои трпат семејно насилство. Овие податоци за Плусинфо ги сподели Проф. Д-р Славица Арсова – психијатар при ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија која секојдневно работи токму со таа категорија граѓани.
Таа вели дека насилството врз жените е во пораст насекаде во светот токму во периодот на пандемијата со коронавирусот.
– Според податците од МВР, во Македонија има пораст на поплаки на семејно насилно однесување за речиси 50 отсто. Причините за ваквиот пораст се различни. Се смета дека останувањето дома подолго време со насилникот го зголемува ризикот од насилно однесување врзано со поголема контрола од страна на насилникот, повеќе врме поминато заедно на жртвата со насилникот, злоупотребата на алкохол и психоактивни супстанции, а од друга страна потешко доаѓање до центрите за помош. Покрај ова се смета дека стравот од евентуална казна кај насилникот е намалена, бидејќи сметаат дека полицијата се занимава со обебзедување на мерките за превенција од зараза, а можноста за контрола на контактите на жртвата со било кој се зголемени и тоа преку контролирање на нивните мобилни телефони и интернет комуникации. Економската криза го зголемува незадоволството кај лицата со насилно однесување, стравот од истото, стравот од зараза и болест кај нив предизвикува раст на агресијата со која се справуваат на нездрав начин со импулсивно насилно однесување – објаснува д-р Арсова.
Таа додава дека последните неколку месеци е двојно или можеби тројно зголемен бројот на оние кои бараат помош поради насилно однесување од страна на некој од членовите од семејството, а најчесто се тоа жени жртви на партнерско насилство, но покрај нив и деца или стари лица, или, пак, лица со некој телесен или ментален хендикеп. Д-р Арсова вели дека најзастапено е партнерското насилство, но дека не заостанува ни насилството кон децата, старите лица или болните лица.
Таа објаснува дека жртвите неволно зборуваат за насилството кое го трпат во својот дом и помош бараат дури кога ќе завршат на Ургентно или по прјава од полицијата.
– Жените жртви на семејно насилство не зборуваат сосем отворено на оваат тема со оглед на тоа дека се срамат, се плашат или се чувствуваат виновни за насилното однесување од страна на нивниот партнер. Тие се со потрошени психолошки сили, со чувство на срам, недоверба, несигурност и недоверливост. Најчесто помош бараат кога се упатени од страна на ургентните служби или по пријава од полицијата. Во време на корона, поплаките се дека семејното насилно однесување е зголемено бидејќи контролата од страната на партнерот е зголемена. Тие повеќе од времето се дома, а лимитирани им се некои стекнати навики за справување со насилното однесување од страна на партнерот, како што се излегувања, прошетки, социјални контакти или контакти со лица за стручна помош – вели д-р Арсова.
За да им се помогне на жените кои трпат насилство д-р Арсова вели дека е потребно вклучување на сите релевантни владини и невладини институции со јасна локална и државна стртатегија, со јасни насоки и патишта, со поголема будност на сите во општеството за овој немил феномен.
– Жените жртви на насилство ги советуваме да побараат стручна помош, континуиран треман од психотераписки и психофармаколошки со цел зајакнување на нивните сили во справувањето со идните чекори кои треба да ги прземата во однос на нетрпење на насилно поведение, зголемена грижа за себе и своето семејство со поголема доверба во институциите. Во време на корона пандемијата расте и бројот на псиохолошките потешкотии врзани со истата, целото население е во здравствена и економска криза, постојано со чувство на страв и несигурност, со ограничена слобода на движење, лимитирани социјални контакти и ограничени можности за рекреација, спорт, дружење, со губиток на работни места или, пак, со губиток на свои блсики челнови од семејството. Сето ова условува раст на анксиозноста и депресивноста, со нарушување на секојдневното функционирање, нарушување на сонот и исхраната, повлекување, вознемиреност, промени во распложението, чувство на лутина и немоќ – вели д-р Арсова.
Фото: Fejsbuk