Д-р Анѓелко Ѓорчев: Новиот сој на ковид-19 е нова закана, спасот е во вакцините, а ние ги немаме
Единствениот лек во оваа ситуација е вакцината против ковид-19, а ние за жал ја немаме, истакна д-р Анѓелко Ѓорчев за Алфа.
Доцнењето на вакцините против ковид-19 ќе ја чини земјава многу загубени човечки животи предупредува д-р Анѓелко Ѓорчев во интервју за Алфа.
– Јас не верувам во колективен имунитет, бидејќи тој бара многу човечки жртви. Огромна популација на македонски граѓани, над 65 години, практично се жртвени јагниња. Во февруари ќе пристигнат 5.000 вакцини, во март уште 18.000 вакцини, а во април исто така уште 18.000 вакцини. Тоа се вкупно 31.000 вакцини. Тоа е премалку – објаснува Ѓорчев.
Според него, новиот сој на коронавирусот е нова закана за светот. Единствено, додава тој, вакцината е спасот.
– Единствениот лек во оваа ситуација е вакцината против ковид-19, а ние за жал ја немаме. Ова во Србија го сфатија многу брзо и затоа имаат такви резултати какви што имаат. Ние очигледно немаме план, немаме програма, немаме визија. И затоа, никако не може да се спореди состојбата во Македонија со состојбата во Србија – вели Ѓорчев.