ЦВЕЌЕ ВО СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА Делегации од Владата и од кабинетот на Пендаровски им оддадоа почит на осумтемина бранители
На овој ден, пред 21 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила животот го загубија резервистите Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Mинистерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал Васко Ѓурчиновски денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на осумтемина загинати бранители кај Љуботенски Бачила во 2001 година, информира Министерството за одбрана.
Во чест на загинатите, а како дел од низата одбележувања на овој настан, министерката Петровска како предводник на владината делегација, во чиј состав беше и советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, положија венец со свежо цвеќе и пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната „Илинден“ во Скопје.

На овој ден, пред 21 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
По владината делгеција предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска цвеќе за осумтемина бранители кај месноста Љуботенски бачила положи и делегација од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Тие се поклонија пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.