Црвено-жолтите на Мрме против жолто-сините на Шева – какви ни се шансите?

Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата.

408

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.

Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата.






– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите – изјави Ангеловски.

Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство.

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, вели дека неговите фудбалери нема да ја потценат Македонија, потенцирајќи дека „црвено-жолтите“ се квалитетна селекција.

– Македонија има многу добра екипа. Го потврдија тоа и низ квалификациите на патот до ова Европско првенство, но и видовте што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП 2022. Оваа селекција никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар меч. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал – истакна Шевченко.

Поврзани содржини