ЦРВЕНКОВСКИ И ПЕНДАРОВСКИ НЕ ДОЈДОА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА Иако поканети двете столчиња останаа празни до Иванов и Вилма Трајковска

На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.

2,054

На инаугурацијата на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, иако поканети, присутни не беа експретседателите Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.

На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.






На поканата се одзваа Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател, Борис Трајковски. Двете столчиња до нив, беа празни.

Поврзани содржини