Црвенковски: Бугарија сака да го добие тоа што не успеа со војните минатиот век ВИДЕО

Мене ставот на Бугарија ми е потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ, изјави Црвенковски во обраќањето на Форумот за западен Балкан во Сараево.

4,872

Бугарија сака денес да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни, оцени поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во обраќањето на Форумот за западен Балкан во Сараево.

– Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна од 41-45-та со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки. Мене ставот на Бугарија ми е потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ – изјави Црвенковски.






Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев кој ги повтори познатата тези за македонскиот народ и јазик како Титова творба.

– Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа неслучајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене коишто биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин. Значи никој, јас барем никого не знам, нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но ниту еден успешен – изјави Црвенковски.

Поврзани содржини