ЦРВЕНИ СКАФАНДЕРИ И ГАС-МАСКИ Ким Јонг Ун формираше специјална единица против ковид-19 (ВИДЕО)

Пјонгјанг сака на овој начин да му покаже на својот народ дека иако земјата тврди дека нема случаи на коронавирусот, постојаната борба против ширењето на пандемијата продолжува.

698

Северна Кореја ја одржа воената парада по повод 73-годишнината од основањето на државата, а на фотографиите можат да се забележат војници и работници како маршираат по улиците, но интересно е тоа што еден дел од нив се облечени во црвени заштитни скафандери и гас-маски.

Како што објави Би-Би-Си, ова може да биде знак дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, формирал специјални сили за спречување на коронавирусот. Според светските медиуми, Пјонгјанг сака на овој начин да му покаже на својот народ дека иако земјата тврди дека нема случаи на коронавирусот, постојаната борба против ширењето на пандемијата продолжува.






И покрај ризикот од масовни собири, Пјонгјанг одржа три паради во последните 12 месеци, што е невообичаено често дури и за Северна Кореја.

Поврзани содржини
na