ЦРВЕНЕАМ ОД СРАМ, НИ ГО ДОНЕСОА ПУТИН ВО ВЛАДА Ахмети бара прошка од косовската претседателка

Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават, напиша Али Ахмети на Фејсбук.

4,362

По дипломатскиот скандал на скопскиот аеродром во кој беше вклучена претседателката на Косово Вјоса Османи и обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши, реагираше и Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција.

Ахмети на својата Фејсбук страница пишува:






„Почитувана претседателке, многу ми е жал за неприфатливиот дипломатски инцидент и скандал на скопскиот аеродром и го осудувам во најостра можна форма.  Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават. Кога не се срамат да газат врз сопствениот народ, врз демократската волја на граѓаните на избори и да се стават во вазална и сервилна служба на некој друг, носејќи ги Путин и Вучиќ во Влада, тогаш никој нема да ги прашува за што било и ќе нѐ срамат секој ден, по неколку пати на ден“, заклучува Ахмети.

Поврзани содржини