ЦРНИОТ БИБЕР ПОЛЕКА ИСЧЕЗНУВА ОД НИВИТЕ ВО ИНДИЈА Се очекува недостиг и висока цена на овој зачин

Дополнителен проблем е што се намалуваат приносите и квалитетот поради климатските промени. Поради сè почестите екстремни временски услови, дел од приносот ја губи својата карактеристична арома и станува неупотреблив за кулинарска употреба.

852

Глобалните залихи на црн бибер драматично се намалени, додека побарувачката останува непроменета, па се очекува и зголемување на неговата цена.

Проблемот дополнително се влошува и од непредвидливите временски услови во главните земји производители – Индија, Виетнам и Шри Ланка кои обезбедуваат 80% од пазарот на овој зачин. Наизменични обилни дождови и продолжени сушни периоди ги одложуваат жетвите и вршат силен притисок врз глобалниот дистрибутивен систем.






Дополнителен проблем е што се намалуваат приносите и квалитетот поради климатските промени. Поради сè почестите екстремни временски услови, дел од приносот ја губи својата карактеристична арома и станува неупотреблив за кулинарска употреба. Според „Индија Трибјун“, трговските тешкотии дополнително ја комплицираат ситуацијата.

Поради растечкиот пазарен ризик, сè повеќе земјоделци го напуштаат одгледувањето бибер и сеат други култури што пак ќе влијае на зголемување на недостигот.

Поврзани содржини