ЦРНАТА КОВИД-СТАТИСТИКА ПАК ДВОЦИФРЕНА Умрени 11, новозаразени се 468 граѓани

1,206

Денеска се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 192.288 Оздравени се 284 пациенти, а пријавени се 11 починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа.

Направени се 4.295 тестирања, а новорегистрираните случаи се од Скопје 227, Куманово 41, Штип 26, Велес и Охрид по 23, Кавадарци 16, Струмица 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка по 11, Битола 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш по 7, Тетово, Виница и Пробиштип по 5, Струга 4, Неготино, Ресен, и Валандово по тројца, Кичево, Кратово и Богданци по двајца и по еден нов случај во Гостивар, Македонски Брод и во  Македонска Каменица.

 

Во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 2починати лица од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г),  и Струмица (69г).​ Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се  тројца од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80години. Од пријавените лица, тројца се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

 

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти.

 

Направени се 4.295 тестови преку: ИЈЗ-282, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–315,Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-220, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-235, Синлаб-23, Ремедика-23, Плодност–42, Генеа-12, Никоб лаб-550,ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.656.

 

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирањана ковид-19.

 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

Поврзани содржини