ЦРНА ГОРА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ВО 2028 ГОДИНА Кос очекува Албанија да се придружи во 2029 година

За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата, рече европската комесарка за проширување Марта Кос на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум.

137

Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија, рече европската комесарка за проширување Марта Кос на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум.

– За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата – посочи Кос.






Според неа проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на жители, туку заштита од надворешни влијанија.

– Со Црна Гора напредуваме и можно е, ако во 2026 година го завршиме техничкиот дел од преговорите, во 2028 година Црна Гора да стане 28. членка на Европска Унија. Албанија би можела да стане членка на ЕУ во 2029 година – рече Кос.

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб ги повика земјите од Западен Балкан да го искористат „отворениот прозорец“ за влез во Унијата. Според него, прозорецот е отворен со војната во Украина.

Поврзани содржини