ЦРНА ГОРА ИЗБРА НОВА ВЛАДА Прва одлука на владата на Милојко Спајиќ ќе биде датумот за попис

Пописот требаше да започне в среда на 1 ноември. Опозицијата се закани со бојкот, сомневајќи се во неговата регуларност и побара одложување за шест месеци.

311

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по седницата која траеше цела ноќ, ја избра Владата на премиерот Милојко Спајиќ.

Владата ја поддржаа 46 пратеници од Движењето Европа, партијата на неодамна распуштениот проруски Демократски фронт (ДФ), Демократите, Социјалистичката народна партија и албанските национални партии.






Против беа 19 пратеници од опозицијата.

Црногорскиот премиер во заминување Дритан Абазовиќ изјави дека е привилегија да се биде на чело на својата земја, а намерата на мандаторот Милојко Спајиќ е „да ја задолжи земјата и да земе дел“.

Една од причините за одржување на ноќната седница, што е невообичаена практика, беше до утрото да се гласа за Владата, за да може денеска да ја одржи првата седница и да донесе одлука за одложување на пописот.

Пописот требаше да започне в среда на 1 ноември. Опозицијата се закани со бојкот, сомневајќи се во неговата регуларност и побара одложување за шест месеци.

Поврзани содржини