Црна Гора дозволува геј бракови, ама не и посвојување деца на истополови партнери

Законот кој беше предложен од владата, а малцинските партии не го поддржаа, но беше изгласан со помош на гласовите од опозициската партија во Црна Гора.

387

Во Црна Гора од денеска стапи на сила Законот за животно партнерство на лицата од ист пол. Истополовите партнери ќе имаат право да склучат брак, со тоа што нема да им биде дозволено посвојувањето на деца.

Законот кој беше предложен од владата, а малцинските партии не го поддржаа, но беше изгласан со помош на гласовите од опозициската партија во Црна Гора.






Некои разлики меѓу овој и обичниот брак, сепак ќе постојат, а тоа се формалности кои ќе се случуваат пред склучувањето на бракот, поточно пред матичарот. Исто така, на почетокот нема да биде дозволено склучување на бракови во сите градови низ Црна Гора, туку во мал број на општини, почнувајќи со Подгорица.

– Од денот на стапувањето на сила на Законот, истополовите партнери ќе можат, во мал број на општини, своето партнерство да го запишат во записот на матичниот регистар на истополови партнерства, а за тоа да добијат уверение – објаснуваат од ЛГБТ заедницата

Како што наведуваат во Прогрес, Законот е изработен по веќе постоечки модели кои ги има во Западна Европа, па затоа нема да има суштински разлики при самите процедури.

Претседателот на Управниот одбор на „Квир Монтенегро“, Даниел Калежиќ, за „Дневне новине“ изјавил дека воведувањето на овој закон е многу значајно и истото го чекале 10 години.

– Ова е многу значајно за нас, бидејќи конечно нашите семејства ќе можат да бидат препознати пред законот. По 10 години иницијатива, ние сме еден чекор поблиску до рамноправност. Секако, со овој закон не е решено сè, чекаме уште 26 закони да бидат дополнети, односно координирано со овој, за во пракса да би можеле да ги користиме сите права што овој закон ги овозможува – вели Калежиќ.

Поврзани содржини