ЦРЕВНИТЕ БАКТЕРИИ ПОВРЗАНИ СО ДОЛГ КОВИД Откриено зошто некои страдаат подолго од болеста

Научниците ги сортираат бактериите кои се поврзани со различни симптоми, како што се респираторните проблеми и губењето на косата со цел да можат да влијаат врз нив со конкретни чекори.

418

Нарушување во составот на цревната флора може да влијае на должината на боледување со ковид и неколку месеци по заразувањето, открива ново истражување на научниот магазин Gut.

Според истражувањето, микробиомското профилирање може да помогне да се откријат оние луѓе кои се поподложни на таканаречениот „долг ковид“. Симптоми на болеста во наредните шест месеци се јавуваат често. Кај тројца од четворица прележани се јавува барем по еден симптом како што се замор, несоница и слабост во мускулите. За ова може да придонесе агресивниот одговор на имуниот систем кон болеста, оштетување на клетките, како и психолошкиот фактор, но според новите докази до кои доаѓаат научниците, тоа може да биде и поради сложениот систем на бактерии во стомакот и во дигестивниот систем.






Во истражувањето учествувале 106 пациенти кои имале различни клинички слики на ковид и 68 доброволци кои не биле заразени. Просечната старост на испитаниците била 48 години, а симптомите се движеле од лесни до средно тешки. 28% од испитаниците биле третирани со антибиотици.

Дури 76% од контролната група и после шест месеци имале симптоми на ковид како што се замор (31%), проблеми со помнењето (28%), опаѓање на косата (22%), анксиозност (21%) и несоница (21%).

Останатите 24% од заболените чии симптоми поминале со инфекцијата е откриено дека имаат исти или слични бактерии во дигестивниот тракт како оние кои воопшто не биле заразени.

Во екот на пандемијата кога многу луѓе се заразени и имаат симптоми ова е важно откритие кое може да им помогне на болните да се излечат побрзо од „долг ковид“. Научниците ги сортираат бактериите кои се поврзани со различни симптоми, како што се респираторните проблеми и губењето на косата со цел да можат да влијаат врз нив со конкретни чекори.

Поврзани содржини