🎥 ЧУВАЈТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА! Моќна порака на крајот на концертот на Северина

Пејачката Северина Вучковиќ се расплака пеејќи ја песната „Роџено моје“ посветена за нејзиниот син Александар.

2,133

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, освен што направи вистинска незаборавна забава, синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје остави и трогателна порака на крајот на концертот.

Меѓу баладите, пееше и песни од познати македонски и југословенски бендови како Бијело дугме, Леб и сол, Нови фосили, а и пееше македонски народни песни како „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“.






Таа се расплака пеејќи ја песната „Роџено моје“ посветена за својот син Александар.

Пејачката ја снимила песната кога судот ѝ го одзел старателството над синот и го доделил на поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Северина на крајот остави силна порака за Македонија:

– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија! Многу ве сакам!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини