ЧУВАЈ ГО СРЦЕТО, НАПРАВИ ПРЕГЛЕД Попуст од 15% на кардиолошки преглед во „Аџибадем Систина“
„Аџибадем Систина“ минатата година воведе 7 промотивни кардиолошки пакети. Целта е да им се излезе во пресрет на сите пациенти кои имаат какви било кардиолошки проблеми.
Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјава и светот. Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања има причинители кои едноставно не зависат од нас, но постојат и навики кои можете да ги промените и да ги намалите ризиците од можност за срцево заболување.
– Првата и основна работа што треба да ја запомните е редовната посета на кардиолог, па дури и тогаш кога немате никаков проблем. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во рамки на кампањата „Чувај го срцето, направи преглед“, минатата година воведе 7 промотивни кардиолошки пакети. Поради голем интерес од страна на пациентите, во месец ноември и декември предвидени се попусти на кардиолошки пакети за 15%. Целта е да им се излезе во пресрет на сите пациенти кои имаат какви било кардиолошки проблеми, но и на сите граѓани кои сакаат да направат превентивен преглед во функција на заштита на сопственото здравје – велат од „Аџибадем Систина“
Што содржат пакетите?
- Во кардиолошкиот премиум пакет е вклучен преглед од доктор кардиолог, ЕКГ, ехо и коронарен стрес-тест.
- Коронарниот циркуларен пакет, покрај прегледот од специјалист кардиолог, вклучува и ЕКГ, доплер К/П и коронарен стрес- тест.
- Каротидниот пакет е со вклучен доплер каротиди, а за единствената промотивна цена исто така се добива и кардиолошки преглед од доктор, ехо и ЕКГ.
- Една од понудите е васкуларен и церебрален пакет, во кој се добива прегледот од кардиолог, ЕКГ, доплер каротиди и доплер на периферни крвни садови.
- Пакетот за аритмии и пакетот за хипертензија се пакети услуги во кои пациентот добива кардиолошки преглед со ЕКГ, ехо и доплер.
- Посебна можност е постковид кардио пакетот. Многумина пациенти кои го прележале ковид-19 имаат низа кардиолошки проблеми, но исклучително е важно секој по болеста да изврши преглед за да се увери дали е сè во ред. Во постковид пакетот има кардиолошки пакет, ехо, ЕКГ и доплер за ритам.
Спој на најсовремена технологија и врвни специјалисти
Кардиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ се состои од еминентни интервентни кардиолози, неинвазивни кардиолози и електрофизиолози, со што се овозможува целокупен третман на сите болести на срцето.
Покрај стручниот тим, болницата континуирано вложува и во најсовремена медицинска технологија, а сите апарати за дијагноза и третман се последна генерација на медицината.
Закажете го вашиот преглед на 02/3099 500 и резервирајте го вашиот кардиолошки преглед со 15% попуст.