ЧУПЕ ПАРК ВО БИТОЛА Кондовски вети посебна грижа за жените

Паркот ќе биде опремен со реквизити за забава и разонода за млади мајки, пензионерки, спортистки, за сите жени во нашиот град.

262

Kандидатот за градоначалник на Битола Христо Кондовски денеска најави формирање на Центар за поддршка и различни видови помош за жени во делот на правна, социјална и психолошка поддршка, посебно на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство.

Центарот ќе се формира во соработка со здруженијата и фондациите кои работат во оваа област. Се предвидува шелтер центар, преку кој жените покрај тоа што ќе добијат безбедност, ќе го трасираат својот пат кон финансиска стабилност и независност за себе и за своите деца.






– Ќе изградиме Чупе парк. Простор оплеменет и прилагоден за одржување на настани во организација на женските здруженија. Паркот ќе биде опремен со реквизити за забава и разонода за млади мајки, пензионерки, спортистки, за сите жени во нашиот град. Овој проект ќе се реализира во соработка со јавните претпријатија Комуналец и Нискоградба. Општината за оваа цел ќе намени буџет од 20.000 евра – рече Кондовски.

Тој најави и клубови и здруженија на рурални жени, со што би се зголемил бројот на жени кои се регистрирани како самостојни земјоделки и жени сопственички на земјоделско земјиште или имот. Овој проект ќе се реализира во партнерство на општината со УСАИД и УНДП програмите.

Поврзани содржини