Чулев: Управниот суд пресуди дека се законски решенијата за распределба на работните места во МВР

Според Чулев, ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели.

827

Законски се 88-те решенија за распределба  на работните места во МВР, донесени во февруари од страна на министерот Наќе Чулев, информира денеска министерот.

Министерот се повикува на одлука на Управниот суд донесена  на седницата од 7 мај со која судот ја поништува одлуката на владата за поништување на неговите решенија за распределба на работни места од февруари 2020 година..






„Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев биле законски и истите биле донесени донесени врз основа на законски утврденото право на министерот пропишано во Законот за изменување и дополнување на законот за влада а притоа во целост се применети законските одредби кои ја регулираат предметната материја пропишни во Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и сите подзаконски акти. Додека пак донесената Пресуда од Управниот суд потврдува дека Владата на при носење на оспорената одлука истата ја донела како резултат на погрешна примена на материјалното право“, се вели во соопштението.

Според Чулев, ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели.

„Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат соглсно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд“, пишува Чулев.

Поврзани содржини