Чулев: Поминавме низ турбулентен и специфичен период, се враќам во Агенцијата за разузнавање

852

Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори. Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици, напиша на Фејсбук ексминистерот за внатрешни Наќе Чулев.

– Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас – граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав – пишуба Чулев.






Тој им се заблагодари  и на сите вработени во МВР за исклучително високото ниво на исполнителност изминатиот период, а пред се, како што вели на вработените во неговиот кабинет кој со исклучително високо ниво на одговорност, чесност и посветеност, пожртвувано пристапувале на исполнување на работните задачи и обврските.

– Посакувам и апелирам што поскоро да се формира владиното мнозинство, а тоа ќе значи и враќање на институциите во својот полн капацитет. Јас од утре се враќам на моето претходно работно место во Агенцијата за разузнавање од каде ќе продолжам да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи – напиша Чулев.

Поврзани содржини