Чулев: Отворивме истраги за функционери вмешани во организиран криминал и корупција ВИДЕО

874

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во разговор за ТВ 21 најави дека Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе објави случаи на организиран криминал и корупција во кои се инволвирани и сегашни функционери за кои министерството веќе има отворено истраги.

– Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради коронавирусот – изјави министерот Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.






Поврзани содржини