Чулев: Не е точно дека за 600 ремени се потрошени 300.000 евра

Имаме недостаток од опрема, вклучително и ремени, така да таа потреба е дискутирана на координатгивното тело и одобрена, а во однос на висината на цената тоа е јавна информација што во секој момент може да се види, рече Чулев

511

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев коментирајќи ги денешните обвинувања од Независниот синдикат на полицијата дека биле набавени 600 ремени за сума од 300.000 евра рече дека се работи за неточна информација.

– Нека проверат сите медиуми и јавноста, сите набавки се јавни. Ние и писмено ќе ви доставиме доколку побарате. Се работи за потреба дискутирана на координативното тело, со уредба на Владата се скрати приправничкиот стаж заради потребата од зголемен обем на работа на околу 600 приправници имаме недостаток од опрема, вклучително и ремени, така да таа потреба е дискутирана на координатгивното тело и одобрена, а во однос на висината на цената тоа е јавна информација што во секој момент може да се види – рече Чулев на денешната прес-конференција.

Поврзани содржини