Чулев: Личните документи кои се истечени ќе важат до завршување на вонредната состојба

804

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев сподели некои од уредбите кои биле прифатени на денешната владина седница, а кои биле предложени од ова министерство.

– Неколку уредби со законски сила, продолжување на важноста на личните документи (лични карти, возачки дозволи и патни исправи), со посебна уредба е суспендирање на законот за јавни собири, нема протести и слично, или повеќе од пет лица. Одложување на роковите за полагањата на испитите за Продолжување на престојот или визите на странците до завршување на вонредната состојба – вели Чулев.






Тој потенцираше од почетокот на состојбата на коронавирусот секој ден во 9.30 часот имало состаноци на Координативниот кризен штаб на чело со Спасовски, при што се даваат препораките, денеска биле веднаш донесени на уредбите на седницата на Влада.

 

 

 

Поврзани содржини