Чулев: 5.397 лица го прекршиле полицискиот час, 1.777 не носеле маски
Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.
Статистичките податоци покажуваат дека во изминатите неколку денови полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно. Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот инспекторат, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција
Од четвртокот од 21 часот до денеска на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 5.397 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.
За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа, како што рече Чулев, најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356. Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.
Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.
Според Чулев, издадени се 1.648 решенија за изолација и 584 за самоизолација. МВР извршило 8.701 контрола на самоизолација и изолација.
Министерот Чулев апелираше сите да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.
– Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување – рече Чулев.
Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, како што рече, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи.
– Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселктивно и законито. Во суштина во изминатиот прериод тоа се покажа во пракса. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето – рече меѓу другото Чулев.