ЧУДОТО НАРЕЧЕНО РАДУКАНУ Без загубен сет до титулата на УС Опен (ВИДЕО)
Британката целиот турнир не потклекна ниту еднаш и успеа да запише историска победа, започнувајќи ја приказната во квалификациите.
Британката Ема Радукану без загубен сет успеа да слави во финалето на УС Опен против уште една сензационална учесничка на турнирот Лејла Ани Фернандез (6-4, 6-3).
Тинејџерката славеше во едно интересно финале во кое на крај ја продолжи низата без загубен сет. Целиот турнир не потклекна ниту еднаш и успеа да запише историска победа, започнувајќи ја приказната во квалификациите.
Одлучувачкиот гем во првиот сет Радукану го направи во десеттиот гем. Нејзината противничка од Канада возврати во вториот сет и започна со брејк. Меѓутоа британската тенисерка одговори со фантастична игра, стигна до недостижни 5-2 и за еден час и 52 минути го комплетира чудото во Њујорк.
Доминацијата на новата шампионка на УС Опен ќе и донесе огромен скок на ВТА листата овој понеделник.