„ЧУДНО ИМ Е ШТО УСТАВНИОТ СУД ТРЕБА ДА ДЕЛУВА“ Дафина Стојаноска со порака до ДУИ дека е време за одговорност
Доколку тие кампуваат и останат до среда и не прават никакви останати проблеми нека стојат. Се додека се зборува за мирно протестирање секој има право, тоа е уставно загарантирано право, кажа Стојаноска.
Во оваа држава дојде време кога за оние кои противзаконски постапија сега ќе треба да се одговара и на ДУИ сега им е чудно што Уставен суд треба да донесе одлука“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „На кавга со Иван” на Канал 5 телевизија.
Стојаноска продолжи и додаде:
– Премиерот кажа дека се е под контрола и нема да се дозволи ништо што е спротивно на закон. Доколку тие кампуваат и останат до среда и не прават никакви останати проблеми нека стојат. Се додека се зборува за мирно протестирање секој има право, тоа е уставно загарантирано право – кажа Стојаноска.
Стојаноска посочи дека тие луѓе кои правеле парадокси, кршеле закони, сега треба да почитуваат одлука на Уставен суд.
– Едноставно тие треба да се соочат со тоа дека во оваа држава дојде време за се што е постапено противзаконски да треба сега да одговараа – вели Стојаноска.