ЧОВЕКОТ СО КАЧКЕТ ШТО ГО „УКРАДЕ“ ЛАПТОПОТ НА БАЈДЕН ЏУНИОР Работел тајно со Трамп, носи зелен килт, а откри државен скандал
Потоа тие се појавија. Тие веројатно знаеја дека имам копија затоа што бев прилично гласен дека не сакав да ме убијат, изјавил човекот со качкет кој напиша и популарна книга за случајот. Мек Исак вели дека синот на Бајден никогаш не се вратил во сервисот да плати 85 долари и да си го земе лаптопот.
Човекот со зелен качкет, кој го откри лаптопот на синот на Џо Бајден, всушност работел со адвокатот на Доналд Трамп за да го „сруши“ Бајден во 2019 година. Ова го изјавија адвокатите на синот на Бајден, Хантер Бајден, во писмо на 14 страници до државниот обвинител на Делавер, пишува Њујорк Пост.
Тие тврдат дека Џон Пол Мек Исак, инаку сопственик на сервис за лаптопи, дошол до информациите незаконски. Тој пак, вели дека синот на Бајден, Хантер Бајден никогаш не се вратил во сервисот да си го подигне лаптопот и да плати 85 долари, па кон крајот на годината, во 2019, решил да ги контактира ФБИ. Кој е навистина Џон Пол Мек Исак?
– Се плашев, контактирав со некои луѓе на кои им верував, што веројатно би можеле да ме доведат во контакт со ФБИ – изјави тој за Дејли Бист .
– Потоа тие се појавија. Тие веројатно знаеја дека имам копија затоа што бев прилично гласен дека не сакав да ме убијат – рекол човекот кој напиша и популарна книга за случајот.
Hunter Biden laptop repairman John Paul Mac Isaac says he feared Joe Biden’s “fixers” or Secret Service would come for Hunter’s laptop and “take care of” him when he discovered what was on it. pic.twitter.com/cEytHTxy3A
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) January 23, 2023
Истовремено, адвокатите, за првпат признаваат и нешто, што синот на Бајден не можеше директно да го признае за овој национален скандал во САД– дека лаптопот е негов, заедно со мејловите во кои се зборува за тоа како Хантер ги користел врските на татко му за да се поврзе со фирми во Украина, но и со големи магнати за нафта во Кина. Голем дел од мејловите откриваат слики од Хантер како пуши крек, но и за неговите сексуални врски со проститутки во времето кога бил зависен од дрога и одел на рехабилитација.
Naked Hunter Biden tells prostitute he had a laptop stolen https://t.co/X7ZYzehsAb via @MailOnline
— Amy S (@citygirl_horses) February 1, 2023
Најновото? Хантер живеел токму во вилата на својот татко Бајден во Делавер, каде во гаражата беа најдени 12 доверливи досиеја, кои предизвикаа национален скандал. Но, Њујорк Пост сега пишува дека Хантер ја претворил куќата во своја лична канцеларија и дека таму живеел од 2017 година по разводот со сопругата.
Во некои од доверливите материјали пронајдени во домот се спомнуваат земјите со кои Хантер Бајден наводно имал обемни деловни врски – како Украина, на пример. Една од фирмите во Украина, Метабиота, беше мета на скандал дека всушност е тајна биолабораторија.
Хантер се припремал да ја опреми својата канцеларија со некакви лични предмети.
„Она што има во складиштето нека биде испратено во гостинската куќа на моите родители“, ѝ напишал Хантер на својата асистентка Кејти Доџ во текстуална порака од 10 декември 2018 година, на својот Ај-фон.
Четири дена подоцна, се појави слика од внатрешноста на складиштето со големи дрвени контејнери наредени на три нивоа еден врз друг.
„Мислам дека имате речиси три од овие контејнери полни со канцелариски и лични предмети. Дали тие ќе се вклопат на Барли Роуд? Тоа се 3.000 кубни стапки“, му возвратила таа на Хантер.
Додека во САД се водат две истраги, една за доверливи документи најдени кај Џо Бајден, а друга кај претходниот претседател Доналд Трамп, Хантер Бајден се соочува со судење.