ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО ЕУ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ОРУЖЈЕ ЗА ВОЈНА Орбан го обвини Брисел дека се обидува да го продолжи конфликтот

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека одлуката дали Украина ќе стане членка на ЕУ ќе има значително влијание врз судбината на Унгарија во наредните децении.

362

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави денеска дека членството на Украина во Европската Унија не треба да биде „инструмент за војна“, нагласувајќи дека ЕУ е основана за мир и дека проширувањето треба да му служи на мирот, а не на продолжувањето на војната.

Орбан рече дека прашањето за војната сѐ уште е „на маса“ бидејќи „оние во Брисел сѐ уште го следат патот што води кон војна“, пренесе МТИ.






Тој додаде дека Европа очигледно се подготвува за продолжување на војната, објаснувајќи дека членството на Украина во ЕУ може да ѝ помогне на таа земја да победи во војната.

Орбан истакна дека одлуката дали Украина ќе стане членка на ЕУ ќе има значително влијание врз судбината на Унгарија во наредните децении.

Поврзани содржини