Членот на македонско–бугарската историска комисија која ја вознемирил бугарската влада со провокации за бугарскиот фашизам и масакрите на бугарската армија во втората светска војна на територија на Македонија е историчар и член на СДСМ, пишува Експрес.мк.
Ставовите, за официјална Бугарија навредливи, на историчарот Професор Александар Литовски биле објавени вчеравечер по првиот работен ден од најновата сесија на историската комисија со Бугарија каде тој е член.
Во текст за Слободен Печат професорот Литовски во најмалку два наврати наводно ги навредил бугарските власти кои одбиваат да признаат дека Бугарија била фашистичка, сојузничка на Хитлер и дека ги убила младинците во Ваташа и луѓето во Дабница, затоа што биле дел од македонскиот антифашистички отпор.
– Тука, во Македонија, и плодородната црница, и златножолтиот тутун, и бигорот, и реките и птиците…, ја пренесуваат пораката за борбата и храброста на македонските антифашисти. Македонија ги меморирала и не смее да ги заборави Дабница и Ваташа, Беличица и холокаустот, плачот и илјадниците лелеци на македонските мајки, жени и деца за своите најблиски по фашистичките казамати. Ги памети и песните партизански и маршевите февруарски… Македонија мора да памети, оти и државноста македонска, е донесена преку крвта антифашистичка и втемелена врз епопејата на бестрашната борба. Едноставно кажано, memento mori партизанска – за Македонија е нужност од која ѝ зависи опстанокот”, пишува Литовски во текстот.
Целиот текст ТУКА