ЧИСТКА ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД На 5 играчи им било речено да не доаѓаат на подготовки в понеделник

За Гарначо можно е заминување во Наполи, неизвесна е ситуацијата со Санчо и Маласиа, додека Бетис го посакува Антони каде имаше успешна сезона.

1,210

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа. Тие нема да бидат дел од тимот, но неколку дена подоцна можат да дојдат и да се подготвуваат за стартот на сезоната.

Во клубот сметаат дека најдобро е за играчите да најдат нова средина, сепак ќе можат да ги користат тренинг центарот, како и медицински и рехабилтациски услуги додека тренираат.






Дел од играчите изминатава сезона беа позајмени. Маркус Рашфорд во Астон Вила, а за него има интерес од Барселона и Баерн. Каде ќе замине не се знае, но сигурно е дека ќе ја загуби „10“ во Манчестер Јунајтед не зависно дали ќе остане. Новото засилување на клубот Матеус Куња ќе игра со тој број.

За Гарначо можно е заминување во Наполи, неизвесна е ситуацијата со Санчо и Маласиа, додека Бетис го посакува Антони каде имаше успешна сезона.

Поврзани содржини