ЧИСТА ГЛУПОСТ КОЈА НЕ ЗАСЛУЖУВА КОМЕНТАР Симовски за бројот на попишани Бугари
Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за какво било влегување во него, па дури и од нашите вработени, вели Симовски.
Тоа е чиста глупост и мислам дека такво нешто не заслужува коментар, изјави директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за информациите за бројот на граѓани кои се изјасниле како Бугари, Тој вели дека никој досега немал пристап до базата со податоци за да може да постои таква информација.
– Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за какво било влегување во него, па дури и од нашите вработени, изјави Симовски во „Утрински брифинг“.
Податоците, посочи Симовски, ќе бидат достапни откако ќе заврши пописот и вкупната обработка
Според него, текот на пописот е во рамките на очекуваното, па дури и со темпо коешто е подобро од очекуваното. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и како што вели тој, очекуваат следниот викенд да биде уште подобро.