„ЧИНУК“ ЗА 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО 35-та стихозбирка од Ристо Лазаров

Книгата ја одбележува 50-годишнината од објавувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќна птица во паркот“.

130

Промовирана е стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров во издание на Дијалог. „Чинук“ е 35-та стихозбирка на Лазаров.

Книгата ја одбележува 50-годишнината од објавувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќна птица во паркот“.






Поетесата Лидија Димковска во поговорот кон „Чинук“ оценува дека во оваа книга јасно се оцртува поетолошката структура.

„Дека сѐ е во сѐ, дека секој е современик со секого, дека чинукот не дува само во Северна Америка, туку и насекаде, во секое суво поле, во секоја геополитичка сува фурна со сув леб, но и во нас, суви од сите колективни и лични премрежиња, од лулка до гроб“, пишува Димковска.

Поврзани содржини