🎥 ЧИИ ДЕЦА ЌЕ „ОБРАЗУВАЛ“ БИТИЌИ ЗА ДА НЕ БИЛЕ „КРЕТЕНИ“ КАКО ТАТКОТО? Поранешниот вицепремиер од СДСМ со скандалозна навреда за новинар

Јас тогаш на еден ваш квази новинар му реков ако најдете дека некој земал пари, 600 илјади ќе ги дадам за да ви ги образувам децата, за да не бидат такви кретени како што е тој, рече пратеникот Фатмир Битиќи од собраниската говорница.

2,728

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска од собраниската говорница упати скандалозна навреда кон новинар, нарекувајќи го кретен. На денешната седница на која се расправа за ребалансот на буџетот, поранешниот вицепремиер во Владата на СДСМ ги спомена и децата на новинарот, кои ќе ги образувал за да не станале кретени како таткото!

– Јас тогаш на еден ваш квази новинар му реков ако најдете дека некој земал пари, 600 илјади ќе ги дадам за да ви ги образувам децата, за да не бидат такви кретени како што е тој – рече пратеникот Битиќи.






Не е познато на кој новинар мисли Битиќи.

Поврзани содржини