ЧИА СЕМЕ МЕСТО ЈАЈЦЕ, КАКО ДОДАТОК НА БРАШНО, ПА ДУРИ И ЗА ПИЛИНГ Како сѐ можете да ја користите оваа супер храна?
Една мала лажичка чиа семе додадена во вашите овесни снегулки, во смути, наместо јајце или како додаток на брашното за леб или колачи, содржи само 65 kcal и обезбедува 54% од потребната дневна доза на омега-3.
Меѓу многуте нови трендови во здравата исхрана, се појави и чиа семето. Неговата хранлива вредност му ја донесе титулата Суперхрана. Ништо необично, бидејќи содржат 9 есенцијални амино киселини, кои се потребни за изградба на мускули.
Тоа е исто така исклучително богато со омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Речиси 90% од јаглехидратите што ги содржи чиата се влакна. На влакната не им е потребен инсулин за да се разградат и не го зголемуваат шеќерот во крвта.
Реномираното научно списание Journal of the American Oil Chemists’ Society обезбедува податоци за чиа семето како посебен извор на природни липидни антиоксиданти. Моќната антиоксидантна активност дефинитивно го става ова семе на врвот на скалата во однос на здравствените придобивки, а важно е да се забележи високата концентрација на полинезаситени масни киселини кои придонесуваат за тоа.
Рецептите и советите како сѐ можете да го користите чиа семето, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.