ЧИЈА ГЛАВА ЌЕ ЛЕТНЕ ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД? Брнабиќ го брани премиерот Вучевиќ

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ велејќи дека ако некој премиер е одговорен за трагедијата во Нови Сад, тогаш тоа е таа што ја извршуваше функцијата седум години.

482

„Ако ја сакате (главата на) премиерот, тогаш барајте ја мојата, не ја барајте главата на претседателот на Владата кој стана премиер по изборите во 2023 година“.

Вака изјави претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ велејќи дека ако некој премиер е одговорен за трагедијата во Нови Сад, тогаш тоа е таа што ја извршуваше функцијата седум години. Таа рече и дека опозицијата „не е заинтересирана за човечка трагедија, туку само како да дојде до власта“.ж






Четиринаесет лица загинаа, а тројца се борат за живот откако се случи бетонската покривка на натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад во петокот.

Брнабиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ јасно кажал дека очекува политичка и кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад.

Таа денеска за медиумите изјави дека политичката одговорност за трагедијата ќе има, наведувајќи дека Србија е демократска земја чии институции добро ја вршат својата работа, јавува Н1 Србија.

Коментарите на Брнабиќ дојдоа откако во Нови Сад се појави плакат со ликовите на  српскиот премиер Милош Вучевиќ и министрите Томислав Момировиќ и Горан Весиќ, со порака: „Корупцијата убива – ќе одговарате!“, праша: Што сакаат?“.

 

Поврзани содржини