ЧИЈА Е НАЈГОЛЕМАТА ЈАХТА НА СВЕТОТ? Вреди 500 милиони долари, а се поврзува со Безос (ВИДЕО)
Бродот сѐ уште не е готов, а проектот се очекува да биде завршен следната година, така што ќе стане најголемата јахта во светот.
За прв пат пред неколку дена беа прикажани фотографии и видео со што беше откриена изградбата на јахта во Холандија, која ќе биде долга 127 метри, пишува „Business Insider“.
Според публикацијата објавена од „Boat International“, пловилото во моментов е познато по неговото работно име „Y721“ и го гради „Oceanco“.
Холандската компанија е позната по тоа што изгради некои од најголемите и најлуксузните јахти во светот.
Бродот сѐ уште не е готов, а проектот се очекува да биде завршен следната година, така што ќе стане најголемата јахта во светот.
Новинарот Бред Стоун беше првиот кој истакна дека основачот на Амазон, Џеф Безос можеби е мистериозниот сопственик затоа што ја нарачал „една од најубавите јахти што може да постојат“.
Безос, исто така, нарачал уште една, помала јахта која ќе има подлога за хеликоптер.
Пријателката на Безос Лорен Санчез е пилот на хеликоптер, а според Стоун и самиот Безос посетувал курсеви за летање.
Според „Auto Evolution“, проектот, изграден во „Oceanco“, се проценува на 500 милиони долари.
Иако не е голем љубител на јахти, Безос во последните години е забележан на некои од најголемите пловила во светот во сопственост на негови пријатели.
Погледнете го видеото што холандскиот фотограф и снимател Гај Флери го објави на YouTube: