Четврта вакцина пристигнува во Велика Британија, овој пат од Франција

Земјата досега одобри употреба на вакцини направени од „Фајзер“/„БиоНТек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“.

780

Велика Британија се подготвува да ја прими четвртата вакцина, бидејќи француската фармацевтска компанија „Валнева“ ќе започне да прави 60 милиони дози за неколку дена.

Водечките луѓе на „Валнева“ се надеваат дека ќе добијат одобрение од регулаторното тело за здравство на Велика Британија и ќе започнат со поширока дистрибуција на лето.






Извршниот директор Томас Лингелбах изјави дека производството штотуку започнало и дека нивната фабрика во Ливингстон, Шкотска е „приоритет“.

– Денови не делат од почетокот на масовното производство на вакцината. Не можеме да ја дистрибуираме без одобрение од регулаторното тело, така што на некој начин сме во ситуација „квака-22“ (парадокс), но разговараме со луѓе од регулаторното тело – рече Лингелбах.

Велика Британија досега одобри употреба на вакцини направени од „Фајзер“/„БиоНТек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“.

Поврзани содржини