📽️ ЧЕТВОРИЦА УБИЕНИ ВО НОВ НАПАД НА НАРКО-БРОД ВО ПАЦИФИКОТ Во американските акции досега се убиени 90 лица

12

Американската војска соопшти дека во источниот Пацифик уништила брод кој, според официјалните извештаи, бил користен за шверц на дрога. При акцијата загинале четири лица. Ова го потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM), додавајќи дека бродот бил „поврзан со назначена терористичка организација“.

„Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, објави SOUTHCOM на платформата Икс.






Според германската агенција ДПА, ваквите операции се дел од поширока стратегија за пресретнување на бродови во Карибите и Пацификот. Во последните месеци американските сили извршиле неколку слични напади. Медиумските проценки покажуваат дека досега во вакви мисии се убиени речиси 90 лица.

 

Американската администрација ги опишува жртвите како шверцери на дрога и „терористи“, додека експертите за човекови права на Обединетите нации предупредуваат дека таквите вонсудски убиства претставуваат прекршување на меѓународното право.

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, неодамна најави дека ќе следат уште вакви операции.

– Тукушто почнавме да напаѓаме нарко-бродови и да ги ставаме нарко-терористите на дното на океанот – рече тој на состанок на кабинетот.

САД ја оправдуваат својата кампања со аргументот дека дрогата финансира терористички групи и ја загрозува националната безбедност, но критичарите предупредуваат дека без транспарентност и правна рамка, ваквите акции можат да доведат до злоупотреби и прекршувања на човековите права.

Поврзани содржини