ЧЕТВОРИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СТРАОТЕН СУДИР Несреќата се случила на патот Куманово – Крива Паланка
Автомобилот „ауди" бил со пробни регистарски ознаки, а го управувал Ф.С. (20) од село Петровец, скопско.
На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атарот на селото Сув Орах вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди” со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (20) од село Петровец, скопско и патничко моторно возило „мазда” со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(29) од село Псача, општина Ранковце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници, А.Д.(18) од село Петровец и С.Ц.(37) од село Псача, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.