🎥 ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА ЖИЧАРНИЦА ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА Во драматична спасувачка акција околу 100 туристи биле евакуирани
Една од кабините не забавила како што било предвидено и удрила во заштитната ограда на станицата.
Најмалку четири лица се повредени денеска во несреќа со жичарница во северозападна Италија, а околу 100 лица биле евакуирани со хеликоптер, соопштија локалните власти, јави Си-Би-Ес Њуз.
Инцидентот се случил кога две кабини се судриле со горната и долната станица на жичарницата во регионот Пиемонт, информира италијанската противпожарна служба, повикувајќи се на Ројтерс.
Во несреќата биле повредени тројца патници кои се наоѓале во каби
ната, како и операторот на жичарницата кој бил на земја. По инцидентот, блиските скијачки патеки биле затворени.

Генералниот директор на операторот на жичарницата Макуданга, Филипо Безочи, за агенцијата АНСА изјави дека една од кабините не забавила како што било предвидено и удрила во заштитната ограда на станицата.
– За среќа, нема сериозно повредени и ничиј живот не е во опасност, изјави Безочи.
По запирањето на жичарницата, околу 100 лица, меѓу кои и деца и странски туристи, останале извесно време заглавени на горната станица на планината Монте Моро, на надморска височина од околу 2.800 метри, по што биле безбедно евакуирани.
Италијанската јавна телевизија РАИ објави дека жичарницата е изградена во 1962 година и дека била целосно реновирана пред две години, со инвестиција од околу два милиони евра.