ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ФАТЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА Полицијата приведе седум возачи

Во повеќе градови низ државата полицијата регистрирала случаи на возење без дозвола и под дејство на алкохол, при што биле лишени од слобода седум возачи, меѓу кои и малолетници.

0

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода седум возачи поради безобѕирно управување возило, меѓу кои има и малолетници и едно лице под дејство на алкохол.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, шест од возачите управувале без возачка дозвола, од кои четири се малолетници, додека едно лице било затекнато како управува возило под дејство на алкохол.






Во Тетово, двајца малолетници управувале мопед и патничко возило без дозвола, додека уште еден малолетник со мопед бил регистриран во Кочани, а еден во Кичево. Без возачка дозвола биле затекнати и возачи во Куманово и Кавадарци, каде што едно лице управувало мотоцикл.

Посериозен инцидент е регистриран во Битола, каде што лице управувало трактор со 1,77 промили алкохол во крвта и притоа учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило во која била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од таму упатуваат и апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возила без дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини