ЧЕТВОРИЦА ЕКСПЕРТИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ НАПЛАТИЛЕ 900.000 ЕВРА ЗА ПОДГОТОВКА НА ДОГОВОРОТ ЗА КОРИДОРОТ Мицкоски објави нов во серијата „Само скандали“

„Ако вие мислите дека треба да премолчиме за наместениот тендер за надзор и зa супервизија на проектот за Коридорот 8 и 10Д, простете нема да премолчиме, бидејќи е евидентен криминалот“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју" на Канал 5 телевизија.

2,012

Знаете ли колку пари наплатиле четирите експерти кои што работеа еден месец за да го изготват договорот со фирмата изведувач? 900.000 евра за еден месец!

Оваа нова информација поврзана со изградбата на коридорот 8 и 10Д ја соопшти Христијан Мицскоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.






– Видете, јас сум доктор по науки, сум учествувал во многу вакви проекти пред да се занимавам со високата политика и се чувствувам прилично моќен во тоа со коешто сум се школувал и за коешто имам искуство. Ни приближно вакви експертски услуги досега не сум имал – рече Мицкоски

Toj нагласи дека критиките се за криминалот којшто го прават официјалните лица од Демократската унија за интеграција, но не се насочени само кон Артан Груби.

– Има таму и други луѓе, за коишто допрва ќе излегуваат криминални афери за сето тоа што ние го имаме документирано. Ако вие мислите дека треба да премолчиме за наместениот тендер за надзор и зa супервизија на проектот за Коридорот 8 и 10Д, простете нема да премолчиме, бидејќи е евидентен криминалот – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Тие 900.000 евра четворицата експерти ги поделиле братски. Секој добил по 225.000 по човек, а имаат за земање уште 300.000 евра.

– Нормално ли ви е ова? Најсиромашната држава во Европа, една од најсиромашните, прави капитален проект чие буџетирање не е завршено. Не можеме да подржиме криминален тендер како што е овој, каде што јасно се менуваат правилата, а се менуваат затоа што една компанија од конзорциумот не ги исполнува условите според тендерот – потсети Мицкоски.

Тој исто така потсети дека другата компанија од конзорциумот, кога започнува тендерот, нема  лиценца за надзор, oдносно е во процес на добивање на лиценца за надзор и супервизија. Тоа е онаа компанијата која што се занимава со производство на долен веш, прецизираше Мицкоски.пл

Поврзани содржини