Прелиминарните резултати од последното истражување покажуваат зголемување на циркулацијата на варијантите на коронавирусот во Франција, кое сепак според експертите не е „експлозивно“, јави дописникот на МИА.
Бројот на заразените лица со варијантите на Ковид -19 сепак се зголемува во Франција, според првичните резултати од најновата флеш-анкета, како што објасни професорот Бруно Лина на БФМТВ, имено 14 отсто од позитивните случаи на коронавирус.
Ова истражување направено на 26 и 27 јануари, покажува дека движењето на вирусот се зголемува „линеарно и постојано“, но тоа не е „експлозивно“, според изјавите на Бруно Лина.
Сепак, Бруно Лина прецизира дека 20 отсто од примероците, односно меѓу 800 и 900, од примероците треба да бидат секвенционирани. Конечните наоди од испитувањето ќе бидат објавени текот на денот.
Во последното истражување на 7 и 8 јануари, англиската варијанта претставуваше само 3,3 отсто од позитивните тестови.